Економија, финансии, бизнис

Контакт

Каде вплови јахтата на Тито?

Каде вплови јахтата на Тито?

Луксузната јахта на поранешниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито вплови на Ибица.

Јахтата припаѓала на Тито се до неговата смрт во 1980 година, а денеска може да се изнајми за неверојатни 70 илјади евра неделно.

Луксузната јахта „Истранка“, брод кој е изграден уште во 1959 година и кој припаѓал на  Тито, вплови во пристаништето на Ибица.

Како што пишуваат шпанските медиуми, јахтата долга 44 метри своевремено ги угостила и познатите актерки Софија Лорен и Елизабет Тејлор.

Тито, како што се наведува, оваа јахта ја користел за дипломатски состаноци, како и за крстарење на Бриони.

После повеќе од 20 години служба на Тито, „Истранка“ е пренаменета помеѓу 1999 и 2006 година и станала луксузна јахта. Тогаш, припаѓала на италијанскиот бизнисмен Неиру Александри, основач на спортсиот бренд „Техноџим“.

Денеска, оваа јахта плови по долги рути низ Средоземното море и регистрирана е во Легурија, Италија.

Може да плови со 12 патници, иако нејзиниот капацитет е за осум лица распространети во четири соби, со уште осум членови на екипажот.

Слично

Поврзани вести