Каде во Источна Европа има највисоки плати?
Во последните десет години во Источна Европа има се повеќе инвеститори.
Во овие земји во главните градови има повисоки плати, а во внатрешноста помали.
Меѓународниот сервис за истражување на висината на плата Paylab, наведува дека највисока плата има во Братислава и тоа бруто 1400 евра. Тоа е за 20% повеќе во однос на другите делови на земјата.
Во другите земји како Чешка, Унгарија, Хрватска и БиХ, разликите во платите во главниот град и во провинција се од 15 до 18%.
Најмала е разликата во Балтичките градови Талин, Вилнус и Рига каде платите во главниот град се за 7% повисоки за разлика од помалите градови.
Менаџерите во Прага земаат по 3.980 евра. По 3.131 евра примаат менаџерите во Загреб. Во Балтичките земји добиваат по 1.567 евра.
