Каде во Хрватска се живее најтешко?
Во Хрватска најмал ризик од сиромаштија има во Загреб, покажуваат податоците до кои дојде Државниот завод за статистика и Светска банка по направено истражување на оваа тема.
Во главниот град ризик од сиромаштија има кај 9.8% од населението, во Приморско - горанска жупанија е 11.9%, Бродско - посавска жупанија 35.9%, во Вировитичко - подравска жупанија е 33.4%.
Во континенталниот дел од земјата ризикот од сиромаштија е 20.2%, а во јадранскиот дел е 17.4%.
Во 2011 година 17.1% од граѓаните или 717.000 луѓе имале годишна потрошувачка пониска од 23919 куни, и тоа е праг на сиромаштија и за семејство со еден член.
Слично
