Каде во Германија становите се најевтини, а каде најскапи?
Според извештајот на „Postbank Wohnatlas“ 2025, просечниот стан којшто луѓето во Германија го купуваат има околу 80 метри квадратни и чини околу 231.000 евра.
Кога ќе се пресметаат дополнителните трошоци – данок, такси, нотари, вкупната цена се зголемува на околу 260.000 евра.
Поголем дел од луѓето не можат тоа да го платат „од џеб“, па принудени се да земат кредит. Вообичаено 25 отсто од цените ги покриваат со сопствени пари, а 75 отсто земаат кредит.
Најевтините станови се во источна Германија, особено во помалите места и селата. Таму стан од 80 метри квадратни, заедно со дополнителните трошоци може да чини и помалку од 85.000 евра.
Во тој случај, месечната рата паѓа на само 300 евра и доволна е бруто плата од околу 1.300 евра, што ја има речиси секое домаќинство во Германија.
Во градовите како што се Берлин, Франкфурт и Хамбург, потребна е бруто плата од над 13.000 евра месечно. Во Минхен е најлошо – таму ви се потребни над 18.500 евра бруто плата за да ги исполните условите за кредит за стан од 80 метри квадратни.
foto freepik.com
