Економија, финансии, бизнис

Контакт

Каде во Европа пензиите ги покриваат трошоците за живот?

Каде во Европа пензиите ги покриваат трошоците за живот?

Дали државните пензии во Европа се доволни за покривање на трошоците за живот? Според истражувањето на компанијата за плати и човечки ресурси Moorepay, за 20 од 39 анализирани европски земји, одговорот е „не“.

Важно е да се напомене дека пресметката на трошоците за живот не ја вклучува киријата, па затоа вистинската слика може да биде уште полоша, објавува Euronews.

Анализата, која ги спореди пензиите со трошоците за живот на крајот на октомври 2025 година, покажува огромни разлики низ целиот континент. Односот се движи од само 22 проценти во Грузија до дури 225 проценти во Луксембург.

Податоците за трошоците за живот, собрани од Numbeo, го претставуваат националниот просек за едно лице и ја исклучува киријата, додека податоците за пензиите доаѓаат од анализата на Moorepay. На пример, во Луксембург, просечната државна пензија е 28.790 евра, додека трошоците за живот се проценуваат на 12.791 евра. Ова ги остава пензионерите со вишок од речиси 16.000 евра.

Пензиите се повеќе од двојно повисоки од трошоците за живот во Италија (210 oтсто) и Финска (208 отсто), додека Шпанија (199 отсто) и Данска (189 отсто) се блиску до ова ниво.

Во неколку други земји, пензиите значително ги надминуваат трошоците за живот, со коефициенти помеѓу 150 и 180 проценти. Во оваа група спаѓаат Исланд (179 отсто), Норвешка (178 отсто), Германија (176 отсто), Белгија (170 отсто), Австрија (165 отсто), Франција (160 отсто), Холандија (159 отсто) и Шведска (158 отсто).

Исто така, постојат шест земји каде што државните пензии ги покриваат и основните трошоци на едно лице, но вишокот е многу помал. Тоа се Швајцарија (131 отсто), Ирска (126 отсто), Велика Британија (120 отсто), Полска (112 отсто), Чешка (108 отсто) и Грција (103 отсто).

Во дури 20 европски земји, државните пензии не се доволни за покривање на трошоците за живот. Во некои од нив, како што се Словенија (95 отсто), Словачка (94 отсто), Естонија (91 отсто) и Португалија (90 отсто), пензиите покриваат поголем дел од трошоците. Во оваа група спаѓаат и Црна Гора (89 отсто), Литванија (85 отсто), Хрватска (82 отсто) и Унгарија (81 отсто). Според истите извори, државните пензии во Србија покриваат 68 отсто од трошоците, пренесува Bankar.me.

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести