Економија, финансии, бизнис

Контакт

Каде учат децата на милијардерите?

Каде учат децата на милијардерите?
Не сите ученици ги започнуваат веднаш попладневните лекции во скијање во најстарото училиште-интернат во Швајцарија. "Некои од учениците од Азија не знаат како да скијат, кога ќе дојдат тука, но на повеќето од нив почнува да им се допаѓа", тврди Кристоф Годин, заменик-директор на Institut Le Rosey. "Ако ските не им се допаѓаат, ќе мора да научат да ги сакаат или да одат некаде на друго место". Обуката во швајцарските ски училишта чинат околу 100 илјади франци (103 илјади долари) годишно, што ги прави најскапите во светот. Тие привлекуваат се поголем број на кинези во последните години. Овие образовни институции, кои можат да чинат двојно на истите како нив во САД и Велика Британија, се одликуваат со двојазични лекции и активности, кои се движат од скии до јавање. Во последните три години бројот на кинеските ученици е зголемен од 1 на 5 проценти од учениците во топ интернатот во Швајцарија. "Ние правиме најдобро чоколадо, најдобрите часовници, ги имаме најдобрите банки и најдобрите училишта", категоричен е Кристоф Кливаз, раководител на организација на приватните училишта и универзитети во земјата. Кинеските ученици, како и оние од Бразил, Индија и Русија, се најбрзо растечките групи ученици во овие училишта во Швајцарија. Иако земјата е популарна меѓу кинеските туристи, свеста за училиштата таму сеуште е релативно слаба, посочува Кливаз кој се обидува да ги привлече децата од Тајланд и Индија. K.K.
Слично

Поврзани вести