Економија, финансии, бизнис

Контакт

Каде цените на живеалишта растат најбрзо?

Каде цените на живеалишта растат најбрзо?
Највисок раст на цените на домување е забележан во Шведска, покажуваат податоците на Меѓународниот монетарен фонд за вториот квартал на годината. Според Фондот причината е монетарната политика на централната банка. За една година растот на имотите во Нордиската држава пораснал со цели 14%. По неа следи Нов Зеланд со 11%. Трета во рангирањето се подредува Литванија, следена од Унгарија, Малта, Израел, Катар, Колумбија, Турција и Велика Британија. На дното на листата е Украина со годишен пад на цените на недвижностите од над 25%. Пред неа се Русија со пад од 15% и Обединетите Арапски Емирати. Во исто време во Бугарија се забележува умерен раст на цените на имотите со 5 отсто за годинава. Слична е и ситуацијата во Шпанија, Чешка, Португалија, Мексико, Холандија, Индија и Германија. Во однос на хипотекарните кредити на прво место се наоѓа Мексико со над 15%, следено од Естонија, Филипините и Кина. Во првите десет листата се дополнува со Словачка, Колумбија, Шведска, САД, Австралија и Норвешка. Најсилен пад на станбеното кредитирање се забележува соодветно во Украина, Ирска, Словенија, Хонгконг и Бразил.
Слично

Поврзани вести