Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАДЕ СЕ НАЈСЛАБО ПЛАТЕНИТЕ РАБОТНИЦИ ВО ЗЕМЈАВА, еве ја листата со најниски плати

КАДЕ СЕ НАЈСЛАБО ПЛАТЕНИТЕ РАБОТНИЦИ ВО ЗЕМЈАВА, еве ја листата со најниски плати

Работниците во текстилниот сектор, дејности поврзани со производство на мебел и кожа, како и заштитните дејности се меѓу вработените во земјава кои имаат најниски примања.

По објавата на Државниот завод за статистика дека просечната нето плата во Македонија во септември достигнала 32.553 денари, ги издвојуваме петте најниско платени дејности според најновите податоци.

Еве ја листата на топ пет најмалку платени работници:

Заштитни и истражни дејности – 18.327 денари

Услуги поврзани со одржување на згради и дејности на уредување и одржување на животната средина и природата – 20.827 денари

Производство на кожа и слични производи од кожа  - 21.916 денари

Производство на облека – 22.500 денари

Производство на мебел – 23.073 денари.

Слично

Поврзани вести