Каде се извезуваат 90 отсто од руската нафта?
90 отсто од руската нафта се извезува во Европа и Кина.
Литванија добива 83 отсто од увозот на нафта од Русија, потоа Финска (80 отсто), Словачка (74 отсто), Полска (58 отсто), Унгарија (43 отсто) и Естонија (34 отсто).
Потоа следат Германија со 30 отсто, а ѝ се придружуваат Норвешка (25 отсто), Белгија (23 отсто), Турција (21 отсто), Данска (15 отсто) и Шпанија (11 отсто).
Русија е најголемиот светски извозник на нафта на глобалните пазари и втор по големина извозник на сурова нафта зад Саудиска Арабија.
Лани Европа купи околу 42 отсто од вкупното производство на нафта во Русија, Кина купи 14 отсто, а 30 отсто остана во Русија. Други големи земји кои купуваат руска нафта се Германија, Холандија, САД, Полска и Јужна Кореја. Откако Русија минатиот месец ја почна инвазијата на Украина, таа се соочи со серија санкции.
