Каде најмногу патуваат Бугарите?
Над 909.000 Бугари патувале со цел туризам во вториот квартал на 2016 година.
Мнозинство - 80.7%, патувале само во земјата, 15,7% - само во странство, а 3.6% патувале како во земјата, така и во странство, според податоците на Националниот статистички институт.
Во вториот квартал на 2016 година најмногу туристички патувања се реализирани од Бугарите на возраст 25 - 44 години (42.4%), од кои 18.7% патувале во странство. Истовремено во земјата најмногу патувале оние на возраст од 15 - 24 години - 92.1%.
Поголемиот дел од туристичките патувања биле со цел одмор и прошетка.
Самостојните патувања без резервација во земјата се застапени со 93.2%, а на оние во странство со 60.4%.
Просечната потрошувачка при патување по човек е 130.64 лева во земјата и 492.81 лева во странство.
