Каде Македонија ќе се спои со Јужен поток?
До декември ќе се знае одговорот од Русија кои идејни решенија се најсоодветни Македонија да стане дел од гасоводот Јужен поток. Веќе се разгледува и целата техничка документација што Македонија ја подготви, велат од Гаспром Експорт.Одговорот како што изјавуваат од компанијата се очекува Москава да го даде за еден месец.
И покрај тоа што се чека зелено светло од Москва, Македонија нема да извиси, вели министерот за финансии Ставрески, и истакна оти не било важно дали земјава ќе го потпише договорат пред стартот на изградбата или во текот на реализација на проектот кој треба да заврши за три години.
Слично
