Каде изчезнаа 60 милијарди во криптовалути преку ноќ?
За само еден ден пазарот на криптовалути изгуби неверојатни 60 милијарди долари поради огромниот пад на главните играчи како биткоин, етерум и рипл, а пазарната вкупна капитализација на криптовалутите падна на 320 милијарди долари на глобално ниво.
Главната причина за огромниот пад пред се на биткоинот е новите построги правила во Кина и Индија со кои значително се ограничуваат криптовалутите, па така и инвеститорите се повеќе ја губат довербата и престануваат да вложуваат.
Исто така голем проблем и е неизвесноста на битконот кој откако достигна рекордна вредност од речиси 20 илјади долари не престанува да паѓа и сега има вредност од нешто под 7000 долари што е за прв пат од ноември 2017 година.
Моменталната вредност на биткоинот додека го пишуваме овој текст изнесува 6200 долари што е најниско во текот на овој ден на тргување кој биткоинот го отвори со вредност од 6914 долари и бележи пад од неверојатни 10% за неколку часа.
Кинеската централна банка најави поголема контрола врз граѓаните кои имаат трансакции со биткоини и почетни крипто понуди во странство со цел да се заштити кинескиот девизен и валутен пазар. Во Индија состојбата е исто така лоша за инвеститорите бидејќи државата најави целосно сопирање на тргувањето со криптовалути, ICO и нивна размена во странство.
Х.С.
