Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАДЕ ИСЧЕЗНУВААТ МИЛИЈАРДИТЕ НА РУСКИТЕ БОГАТАШИ: Богатството им се топи

КАДЕ ИСЧЕЗНУВААТ МИЛИЈАРДИТЕ НА РУСКИТЕ БОГАТАШИ: Богатството им се топи

Богатството на најбогатите бизнисмени во Русија е намалено за 83,4 милијарди долари од почетокот на 2022 година, покажува денеска објавениот „Индекс на милијардери на Блумберг“.

Според пресметката на Блумберг, богатството на Владимир Потањин, претседателот на холдингот Интерос и рударската компанија Норникл, сега изнесува 29,8 милијарди долари, што е за 1,08 милијарди долари помалку од почетокот на годината, пренесува Тасс.

Леонид Микелсон, претседател на Управниот одбор на Новатек, изгубил пет милијарди долари од јануари 2022 година и неговото нето богатство се проценува на 27,4 милијарди долари. Алексеј Мордашов, претседателот на Управниот одбор на Северстал, сега има 21,1 милијарди долари, односно 7,78 милијарди долари помалку отколку на почетокот на годината.

На листата се најдоа и претседателот на Управниот одбор на НЛМК Владимир Лисин со богатство од 20,2 милијарди долари по загуба од 7,8 милијарди долари, потоа поранешниот извршен директор на Лукоил Вагит Алекперов, кој е „полесен“ за 1,86 милијарди долари, а сопственикот Алишер Усманов на Металоинвест загуби 3,38 милијарди долари.

Акционерот на Новатек Генадиј Тимченко загуби 8,35 милијарди долари, додека поранешниот извршен директор на производителот на вештачки ѓубрива, Групацијата EuroCem, Андриј Мелниченко загуби 3,88 милијарди долари во изминатите десет месеци.

фото: EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Слично

Поврзани вести