Kаде Германија го гледа економскиот потенцијал на Африка?
Африка е континент на можности, изјави шефот на германската дипломатија, Јохан Вадефул, во Најроби, но во исто време призна дека Кина го сфати ова побрзо.
„За жал, постојано гледаме дека Кина се вклучи пред нас, дека е побрза и поефикасна“, рече Вадефул по средбата со својот кениски колега Мусали Мудавади и додаде дека веруваат дека треба да научат лекција и дека мора да бидат пофлексибилни и побрзи, пренесува ДПА.
Според него, царинската политика на американскиот претседател Доналд Трамп наметнува заклучок дека секој треба да го диверзифицира своето економско портфолио.
„Во исто време, „африканскиот континент веројатно има огромен потенцијал за раст“, додаде тој.
Во минатото, Германија главно се фокусираше на соработка со земјите на север и југ од Африка, а не обрнуваше доволно внимание на преостанатите земји од континентот.
Вадефул пристигна во Кенија со делегација од претставници на 120 германски компании.foto Wikipedia/Gayle157
