Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАДЕ Е НАЈДОБРО ДА СЕ РАБОТИ ОВАА ГОДИНА: Печалбари, правец кон Естонија!

КАДЕ Е НАЈДОБРО ДА СЕ РАБОТИ ОВАА ГОДИНА: Печалбари, правец кон Естонија!

Естонија, Норвешка, Велика Британија и Австрија нудат најдобри изгледи за работа во Европа, а овие земји се дури и најдобри или во ранг со САД за вработување надвор од матичната земја, покажа истражувањето на американскиот портал Гласдор (Glassdoor), кој се занимава со светски пазари на труд.

Истовремено најлошо оценети европски земји кога се работи за работа се Шпанија, Грција и Португалија, кои имаат стапка на невработеност над 25 одсто, и како што истакнува порталот „драматично високо“ ниво на невработеност на младите.

На изненадување на бројни економисти, се покажа дека Естонија е најпосакувана земја за наоѓање на работа. Оваа балтичка земја, во која живеат само 1,3 милиони луѓе, се покажала најповолна кога се работи за ниската стапка на привремено вработување, привремено вработување на млади и присилно скратено работно време. Имаат дури и помалку од три одсто привремено вработени, воедно и најдобар резултат во Европа.

Вицешампион за печалбари според мислењето на Гласдор е Норвешка, а полошо котира од Естонија поради слабиот раст на вработеност после финансиската криза од 2008. На изненадување на британските медиуми, нивната татковина се покажа како најдобра за економските мигранти. Речиси според сите фактори е ветената земја за работниците, но главна мана им е високата стапка на присилно скратено време. Процентот на оние кои работат со скратено работно време, а би работеле со полно во Европа е најголем во Италија, Шпанија и Ирска.

На четврто место се најде омилената земја за жители на западен Балкан-Австрија. Нејзиниот висок резултат на ранг-листата најмногу се базира на фактот дека е една од трите европски земји во кои е поголем бројот на вработени работници сега отколку пред светската економска криза, иако тој број  е помал од еден процент.

На пето место се најде Данска, во која не работат само 10 одсто од младата популација, па е најдобра шанса за младите кои бараат работа надвор од својата земја.

Рангирање-Најдобри европски земји за работа:

1.Естонија - 0,9*

2. Норвешка - 0,9

3. Велика Британија - 0,8

4. Австрија - 0,8

Најлоши европски земји за работа:

1. Шпанија - 0,1*

2. Грција - 0,3

3. Португалија - 0,4

4. Италија - 0,4

Слично

Поврзани вести