КАДЕ ДА СЕ ВРАБОТАТ НАЈДОБРИТЕ: Студентите заслужуваат многу повеќе од „нишај врата-земај плата“!
Од Студентскиот пленум сметаат дека е евидентна желбата на владејачката партија, да се додворува на студентите пред изборите, по ветувањата дека ако ВМРО ДПМНЕ остане на власт 100 најдобри студенти ќе се вработуваат во администрацијата.
По ветувањата за награди и „бесплатни“ патувања, ваучери, како и низа други поволности за успешните студенти, сега се најавуваат и вработувања.
[caption id="attachment_140399" align="alignright" width="428"]
Вкупната економска и политичка состојба се повеќе ги тера младите да се иселуваат од државата.[/caption]
„На кој начин господинот Груевски ќе ги вработи најдобрите студенти во државната администрација, кога тој нема никакви надлежности во поглед на тоа прашање? На кои работни места, односно во кои органи на управата? Дали е направена претходна анализа дека навистина недостасуваат стотина вработени или повторно државната администрација ќе се користи како адут во партиските превирања? Овие, како и низа други прашања говорат за апсурдноста и нелогичноста на дадената изјава, поради што ценам дека најавеното нема (ниту пак може) да се реализира“, вели Константин Битраков од Студентски пленум за Фактор.
Дополнително, Битраков, посочува дека оваа владејачка гарнитура довела до системско уништување на образованието. А вкупната економска и политичка состојба се повеќе ги тера младите да се иселуваат од државата.
„Господинот Груевски, меѓу останатото, ќе биде запаметен како Претседател на Владата кој системски пристапи кон уништување на високообразовниот систем. Неговите реформи, надоградувајќи се една на друга, доведуваат до нивелирање на улогата на универзитетите при развитокот на креативна, критичка и самостојна мисла кај студентите. Освен тоа, сеопштата состојба на бесперспективност доведува до масовно отселување на младите од држаата. Од тие причини студентите сосема често јавно го изразуваат својот револт“, вели Битраков.
Ниту аналитичарот Здравко Савевски не се согласува со идејата дека најдобрите студенти својата иднина треба да ја гледаат во администрацијата.
„Најдобрите студенти, не треба да се во јавната администрација, туку тие заслужуваат подобро и со својата изјава Никола Груевски ги навредува студентите. Најдобар начин да се задржат студентите е да се смени овој режим на неслободи што го имаме по сите основи, оти луѓето не заминуваат само затоа што немаат работа, туку заминуваат и оние кои можеби имаат работа, ама се револтирани затоа што немаат слобода, состојба која Никола Груевски и ја наметна на Македонија“, вели Здравко Савевски за Фактор.
ПОПОВСКИ: СЕКОЈДНЕВНО СЕ ВРАБОТУВААТ ПО 500-600 ЛУЃЕ?
Но, освен најавата за вработување на најдобрите студенти, деновиве бура од реакции во јавноста предизвика и изјавата на директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски, кој прво посочи дека секој ден во Македонија се вработуваат по 500 до 600 луѓе, и дека одењето на Запад по подобра заработувачка е само лажен макретиншки трик, објаснувајќи дека многу малку од оние кои заминувале таму успевале. Но, веќе следниот ден Поповски се обиде да се дообјасни, оти мислел дека секојдневно во Агенцијата за вработување се објавувале по 500 до 600 нови огласи за вработувања.
За Савевски, сето ова укажува дека дека власта сака да го игнорира фактот оти младите ја напуштаат државата.
[caption id="attachment_194847" align="alignright" width="420"]
Најдобрите студенти, не треба да се во јавната администрација, туку тие заслужуваат подобро[/caption]
„И изјавата на Поповски, и изјавата на Кaракамишева, предизвикуваат само потсмев во јавноста. Власта може да пласира какви сака податоци, како што пласира дека невработеноста е намалена за 100 илјади луѓе во последната деценија, дека дневно се вработуваат по 500 луѓе, но мора да имаат во предвид дека колку шт е поголема лагата, таа толку полесно се утврдува дека и се кратки нозете“, вели Савевски.
Савевски посочува дека ако има намалување на невработеноста тоа е пред се поради иселувањето, и дали тоа е е нешто со што владата треба да се фали, треба сама да се произнесе.
Претходно, бурни реакции во јавноста предизвика колумната на професорката Татјана Каракамишева, која посочи дека младите се иселувале од земјава поради невозвратена љубов.
ИНТЕРНЕТ СТРАНАТА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ РАБОТИ САМО ДЕЛУМНО
Изминатиов период, интерент страната на Агенцијата за вработување, не може да се видат податоците за бројот на невработени во земјава, како и податоци за структурата на невработените. Но, истата страна е во функција во делот каде се објавуваат огласите за вработување, и каде се промовираат владините мерки за потикунување на вработеноста.
Засега нема никакво официјално образложение зошто интернет страната е во застој само во делот каде треба да се видат податоците за бројот на невработени.

Слично