Каде бензините се најскапи и што со нашите цени?
Најскап бензин во Европската
Унија возат Исланѓаните, кои за бензинот од 95 октани плаќаат 1,83 евра, а за
дизелот 1,76 евра. Следат Норвешка, Холандија, Шведска, Белгија, Португалија.
Колку појужно толку поевтино, иако за Македонија тоа некако не важи. Моментно
литар супер овде чини 71,5 денари, што значи дека цената е 1,16 евра. Дизелот е
63 денари или 1,02 евра.
Од земјите кои се членки во Европската Унија, а се наоѓаат во нашиот регион Хрватска се најде некаде на средина на листата или точно на 16 место по цената на бензинот која ја плаќаат граѓаните. Таму просечната цена минатиот месец изнесувала 1,41 евра за супер 95, а 1,35 евра за дизел. Сепак од овие цени двојно пониски имаат земјите од Источна Европа. Така во Русија литар дизел изнесува само 0,61 евра, а литар супер од 95 октани е 0,63 евра. Овие цени моментно се недостижни за Македонија, односно ние плаќаме значајно повеќе.
Владата од оваа година ја зголеми акцизатана дизелот за 3,5 денари за литар и според последните изјави останува на ставот дека тоа е правилна одлука и нема да сеотстапи од неа. Во меѓувреме нема да се смени ниту методологијата за пресметка на цените на горивата. Во цената влегува и ставката за производство која подразбира да се вкалкулираат и 27 долари по тон нафта произведена во земјава. Во Македонија гориво не сепроизведува веќе шест години, но бришење на ставката не може да има до следнатагодина кога истекува важноста на договорот потпишан меѓу Владата и Хеленик петролеум во 1999 година.
Пред неколку дена, против цените на горивата протестираа и граѓаните на Црна Гора и Босна и Херцеговина. Безоловен бензин во Црна Гора чини 1,44 и 1,41 евра за литар. Литар еуродизел чини 1,30 евра.
