Економија, финансии, бизнис

Контакт

Каде бараат азил државјаните на Косово и Албанија?

Каде бараат азил државјаните на Косово и Албанија?

Албанските и косовските граѓани  масовно бараат азил во некоја од земјите членки на ЕУ.

ЕВРОСТАТ објави дека минатата година азил во земјите на ЕУ побарале  28.925 албански граѓани. Најпосакувани земји за нив биле Германија и Франција, каде азил побарале 14.855 односно 6.850 албански граѓани.

Лани околу 1.300 албански граѓани економски азил побарале во Грција, но голем е бројот и на азиланти во Велика Британија, Холандија и Шведска.

Исто така и Косово бележи значителен раст на азиланти.Така, лани околу 89.000 косовски граѓани побарале азил во некоја од земјите на ЕУ.

По Косово и Албанија, по бројот на баратели на азил од европските земји  е Русија со околу 23.000 азиланти.

ЕВРОСТАТ објави дека во текот на минатата година 1,2 милони луѓе аплицирале за азил во ЕУ. Најголем број се од Сирија, 334.820 лица, потоа е Авганистан па Ирак.

Луѓето бараат азил поради тешката економска состојба во своите матични земји или во некои случаи причина е војната. 

Слично

Поврзани вести