Кабранов: Случајот ПУЧ ја покажа срамната улога на медиумите под команда на Груевски!
Во случајот „Пуч“се покажа срамната улога на телевизиите под команда на Груевски, националните Сител, Канал 5 и Алфа и пред се државната МРТВ. Незнам тие колеги еден ден кога се ќе излезе на виделина дали нема да им биде срам да останат на екраните, вели Ацо Кабранов, уредник и сопственик на порталот Либертас.
Мислам дека премиерот со денешното обвинување на опозицискиот лидер Заев за шпиунажа прави очајнички обид да го спречи стартот на објавување на најавените бомби за криминали во власта и за масовно прислушкување и следење на бизнисмени,новинари, активисти на невладини организации но и нивни приврзаници за да знаат кој што мисли и да контролираат. Веројатно премиерот имал информации дека опозицијата кон средината на наредната недела ќе стартува со доказите кои ќе го искомпромитираат Груевски и луѓето околу него и затоа се обиде да се скрие зад обвинителството и судот,односно да спречи доказите да имаат последици по него со помош на судот кој го контролира како што беше во случајот Македонска банка.
Овој пат мислам дека ќе биде поинаку. Тажно е што Груевски е спремен и да го судри народот меѓу себе за да се спаси. Тоа го прави само неодговорен политичар и кукавица. Денеска тој беше и судија и обвинител и манипулатор и хушкач на судир меѓу неговите приврзаници и оние што не му се наклонети. Деновите што се пред нас ќе ни покажат дали имаме сили да се избориме со овој режим. Заев сигурно дека сам тоа неможе.
И за крај и денеска се покажа срамната улога на телевизиите под команда на Груевски, националните Сител, Канал 5 и Алфа и пред се државната МРТВ. Незнам тие колеги еден ден кога се ќе излезе на виделина дали нема да им биде срам да останат на екраните.
Слично
