Кабинетот на Ѓорге Иванов го нападна уредникот на ,,Вест”
Кабинетот ретседателот Ѓорѓе Иванов испрати јавна реакција за написот "Потписот на Ѓоле вреди 6.000 евра" објавен во дневниот весник ,,Вест”.
Во текстот пишува дека биле потрошени вкупно 6 000 евра, за летот на Законот за специјалниот обвинител, кој од Македонија со авион беше однесен за Црна Гора, за да го потпише претседателот Иванов.
"Главниот и одговорен уредник на погореспоменатиот медиум, по којзнае кој пат продолжува грубо да ја лаже, манипулира и дезинформира македонската јавност во однос на работата на Претседателот на Република Македонија. И во овој напис, тој повторно е во заблуда. Наместо да ја објави вистинската цена на летот, главниот и одговорен уредник несвесно си ја објави висината на својата месечна плата од 6.000 евра.
Цената на летот кон и од Црна Гора, според официјалната документација на Службата за општи и заеднички работи, што може лесно да се провери, изнесува вкупно 969 евра", стои во реакцијата.
Здружението на новинари на Македонија го осуди овој одговор на кабинетот бидејќи како што велат наместо интституцијата да биде транспарентна и да одговори колку чини летот, Кабинетот на Иванов грубо го нападна главниот и одговорен уредник на ,,Вест” Горан Михајловски.
Тој оваа реакција ја оцени како недостиг на домашно воспитување.
"Иако не е првпат, одново сум фрапиран од тонот на реакцијата на Кабинетот на Претседателот, што е голема навреда за јавната функција која ја извршува, а е и израз на недостиг на основно домашно воспитание"- изјави уредникот.
Инаку, Михајловски рече дека веќе има започнато правна постапка за заштита од вознемирување на работното место кај неговиот работодавец МПМ.
Слично
