Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кабелскиот оператор Близу оди на продажба?!

Кабелскиот оператор Близу оди на продажба?!

Кабелскиот оператор Близу оди на продажба, објави Алфа. Шведскиот инвестиционски фонд EQT размислува да се повлече од телекомуникациските пазари во Бугарија и Македонија и да го продаде капиталот во операторот на кабелска телевизија, фиксна телефонија и широкопојасен интерент, Близу, објави Алфа повикувајќи се на бугарски медиуми. Јавниот повик за продажба се очекува да биде објавен овој месец, а потенцијалните понуди најверојатно ќе бидат доставени во септември.

Според написот, претставници од бугарскиот дел на Близу, најверојатно веќе одржале прелиминарни разговори со трите поголеми телеком оператори во Бугарија - MobilTel (M-Tel), Cosmo Bulgaria (GloBul) и Vivacom. Засега M-Tel била првата компанија која што искажала интерес за доставување понуда.

Близу е во 99-процентна сопственост на шведскиот приватен инвеститорски фонд EQT. На македонскиот телекомуникациски пазар влезе во 2009-тата со купување Кејб Тел. Двете сестрински компании во Македонија и во Бугарија заеднички опслужуваат 440,000 претплатници, оствариле вкупна продажба од 57 милиони евра во 2012 година, а добивка од 22 милиони евра.

Засега нема одговор од канцеларијата на Близу во Скопје околу овие информации.

Слично

Поврзани вести