Ќе се вработуваат лица од социјално загрозени семејства
Владата ќе вработи 1.600 лица во јавниот сектор од социјално загрозени семејства, најави денеска премиерот Никола Груевски.
Како што објасни, вработени ќе бидат по 400 луѓе од четири категории – долгорочно невработени, преку десет години, лица од многудетни семејства, лица од самохрани и еднородителски семејства, како и лица од семејства без ниту еден вработен.
При вработувањето ќе се примени принципот на еднаква и правична застапеност.
Груевски информира дека Владата подготвува и нов закон за администрација со кој ќе се третира начинот на вработуање. Ќе се применуваат строги критериуми согласно стручноста и компетентноста на кандидатите.
Слично
