Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе се прегласува во општина Центар?

Ќе се прегласува во општина Центар?
Во најмалку 11 избирачки места ќе има прегласување во општина Центар. Од судот велат дека до овој момент се прифатени 11 од тужбите на ВМРО-ДПМНЕ што значи дека ќе треба да се почека прегласувањето за да се знае, кој ќе ја води оваа општина во наредните 4 години. Согласно законот, за да има прегласување, бројот на гласачите во оспорените избирачки места треба да биде поголем од вкупната разлика меѓу кандидатите. По вториот круг, Андреј Жерновски имаше предност од нешто помалку од 1000 гласа пред Владимир Тодоровиќ. Иако се уште нема информации за кои избирачки места се  однесуваат прифатените тужби, извесно е дека во нив има над 1000 регистрирани гласачи, ако се има предвид дека 400 гласачи има изборното место со најмалку електорат. Покрај овие, прифатени се уште 2 тужби за Струга. ВМРО-ДПМНЕ за гласањето во општина Центар има поднесено 34 приговори. Одлуките на Управниот суд се конечни по нив нема простор за жалба и стапуваат на сила веднаш.
 
Слично

Поврзани вести