Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе се отворат трезорите на Тито во Србија

Ќе се отворат трезорите на Тито во Србија

Според најавите на српскиот претседател Томислав Николиќ,  ќе биде дозволено отворање на депоа во Народната банка на Србија (НБС),каде стојата работите на Јосип Броз Тито. Како што пишува весникот„Новости“, во трезорите на Банката некогашното претседателство на СФРЈ ги зачувало скапоценосите кои останале по смртта на Тито.

„ На почетокот на неделата испративме допис до судот во Белград пред кој се води оставинска постапка по смртта на некогашниот претседател. Наведовме дека како правен наследник на Претседателството на СФРЈ, согласни сме да се отворат депоата“, изјави советникот во претседателскиот кабинет, Оливер Антиќ кој појасни дека сега се чека судијата да одреди датум кога ќе се отворат сефовите.

Според адвокатите, во 11-те вреќи што се во трезорот на НБС како што претпоставуваат адвокати, може да се најдат само последните плати на Тито, авторски хонорари за книги и нешто злато и накит. Таму би требало да биде се што е затекнато по смрта на Јосип Броз во претседателската вила во Ужичка 15.

Слично

Поврзани вести