Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе се менува методологијата за да не поскапи струјата пред избори

Ќе се менува методологијата за да не поскапи струјата пред избори
Струјата најверојатно нема да поскапи кон крајот на годината. Доброупатени извори за „ФАКТОР.МК“ тврдат дека се подготвува промена на методологијата за пресметка на цената на електричната енергија. Според наши информации најверојатно цената на струјата со новата методологија ќе се утврудва во јуни. Идејата за ова добива на интензитет токму сега, непосредно пред новото коригирање на цената (според правилникот, крајот на годината). Според информациите до кои дојде „ФАКТОР.МК“ струјата неминовно ќе поскапи повторно, затоа што енегетските компании ќе прикажат зголемени трошоци, но сега под итно се бара начин како да не се дозволи зголемување на цената на електричната енергија во најмала рака до март, кога треба да се одржат локалните избори во Македонија.
Дека струјата повторно ќе поскапи, неодамна најавија и дел од владините министри.
Во меѓувреме, Граѓанската иницијатива „АМАН“ продолжува со своите протести против поскапувањата на струјата. Нејзините членови не се откажуваат од својата намера да ја принудат Владата и Регулаторната комисија да им се смилува на граѓаните така што ќе ги ублажи поскапувањата.
Слично

Поврзани вести