Ќе се гради Трансјадрански гасовод Грција-Албанија-Италија
Грција, Италија и Албанија ќе градат нов Трансјадрански гасовод кој ќе пренесува природен гас од Азербејџан до Западна Европа. Трите земји денеска во Атина ќе потпишат меѓувладин договор за изградба на гасоводот. Според договорот, гасоводот ќе пренесува природен гас од Азербејџан до Западна Европа, со проектираниот годишен обем на транспортирано сино гориво е 10-20 милијарди кубни метри.
Акционери во изградбата на инсталацијата се швајцарската компанија Ахпо (42,5%), норвешката Статоил (42,5%) и германската Рургас (15%).
Од градот Комотини во Грција гасот по трасата ќе пристигнува до Албанија, а потоа по дното на Јадранско море, на длабочина од 820 метри, до Бриндизи, во Италија.
Во Албанија е предвидена можноста за складирање на синото гориво, а на нејзина територија гасоводот може да се поврзе со проектот Јонско-јадрански гасовод (ИАП).
Трансјадранскиот гасовод е еден од главните конкуренти на проектот Набуко за пренос на гас од Азербејџан.
Слично
