Ќе се гради термоцентралата „Ново Косово“!
Овој месец треба да биде објавен тендер за изградба на термоцентралата „Ново Косово“, а до крајот на годинава ќе биде избрана и победничката компанија, соопштија од косовската Влада.
Оттаму покаснуваат дека ако се оди според владината агенда, во 2014 година ќе почне изградбата на проектот ТЕ„ Ново Косово“.
Со реализација на овој проект се очекува стабилизирање на енергетската ситуација во Косово. Одлуката за изградба на термоцентралата донесена е пред осум години, веднаш по формирањето на тогашното Министерство за енергија и рударство, проект кој тогаш беше наречен ТЕ „Косово Ц“.Проектот се влече со години, а и покрај најавите за почеток на проектот, досега ништо не е сработено, а неколку меѓународни конзорциуми се повлекоа од тендерскиот процес.
Слично
