Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе има истрага за спојувањето на „Olympic Air“ и „Aegean Airlines“

Ќе има истрага за спојувањето на „Olympic Air“ и „Aegean Airlines“
Комисијата за конкуренција на Европската комисија (ЕК) започнала истрага поради предлогот за откуп на „Olympic Air“ од страна на „Aegean Airlines“, пишува грчкиот весник Етнос. Истрагата треба да започне во втората половина на годината. „Aegean Airlines“ ќе биде исправена пред долга истрага од страна на антимонополските власти на Европската унија во врска со вториот нејзин обид за купување на „Olympic“. Во октомври минатата година „Aegean Airlines“, соопшти дека постигнала договор за купување на нејзиниот конкурент „Olympic Air“ за 72 милиони евра. Договорот предвидуваше „Olympic“ да стане подружница на „Aegean“, а двете авиокомпании задржат своите имиња, авиони и својот персонал. „Aegean Airlines“ располага со 29 авиони и извршува летови на 19 внатрешни и меѓународни дестинации. „Olympic“ има 21 авион и извршува летови на 38 грчки и седум меѓународни дестинации.
Слично

Поврзани вести