К-15 од 8500 денари треба да добие секој вработен до крајот на декември
До крајот на декември на сметката на секој вработен работодавачот треба да уплати 8500 денари К-15.
Услов кој треба да се исполни за регресот за годишен одмор е работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач.
Со колективен договор на ниво на дејност или колективен договор на ниво на работодавач може да се утврди регрес за годишен одмор во поголем износ од износот утврден со овој колективен договор, пишува правдико.
Регресот за годишен одмор се исплатува еднаш во текот на годината што значи до крајот на годината сите работници кои го исполнуваат условот за регрес на годишен одмор треба да им биде исплатен од страна на работодавачот, во спротивно се пропишани високи казни.
Износот на регресот се утврдува според основицата на платата која важи на денот на донесувањето на одлуката за исплата. Сакаме да нагласиме дека регресот за годишен одмор е ПРАВО на работникот, а НЕ можност. Работодавецот треба да донесе одлука само за висината на регресот за годишен одмор,а не и за правото на овие надоместоци.
При состојба кога не е донесена одлука за висината работодавецот има обврска да ги исплати максималните износи предвидени со Колективниот договор на ниво на работодавец.
Со промена на кривичниот законик е определено дека работодавач кој ќе побара од вработен да му врати одреден износ од плата или други надоместоци исплатени од работодавецот, ќе се казни со затвoр од три месеци до три години.
„Повредата на правата од работен однос претставува кривично дело согласно член 166 од Кривичниот законик на Република Македонија во кој што е предвидено дека повредата, одземањето или ограничувањето на правото што му припаѓа на работникот е кривично дело и за истото е предвидено соодветна казна“, се вели во образложението на измените на Кривичниот законик.
Исто така се пропишува дека работодавачот кој на работник ќе му врачи отказ поради тоа што го пријавил работодавачот или дал исказ во својство на сведок за тоа дека му побарал на работникот да врати одреден износ од плата или други надоместоци исплатени од работодавачот или не го вратил износот, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години.
Работодавачот кој ќе ангажира лице со кое не е заснован работен однос согласно закон, ќе се казни со казна затвор до три години.
