Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јужниот сосед ги затвори градинките и училиштата

Јужниот сосед ги затвори градинките и училиштата

Соседна Грција ги затвори градинките и училиштата поради пандемијата на коронавирус. 

Ова е за период од две недели. 

Наставата ќе се одвива онлајн и со ТВ програма. Се палнира тие повторно да се отворат на 30 ноември, но затворањето може и да остане и понатаму.

Пред 10 дена во земјава стапи на сила целосен карантин, што ќе трае до крајот на месецот. 

Продавниците се затворени, иако супермаркетите и другите продавници за храна се отворени, а рестораните работат само за достава.

Дозволено е да се напуштаат домовите само за одење на работа, за физички вежби и медицински причини, и тоа само по испраќање на СМС-порака до властите.

Во Грција вчера повторно се регистрирани повеќе од 3.000 нови случаи на Ковид-19 – вкупно 3.038 новозаразени, а починаа 38 луѓе. 

Слично

Поврзани вести