Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јужна Митровица бара обединување на градот за добивање на градоначалник Албанец

Јужна Митровица бара обединување на градот за добивање на градоначалник Албанец

Се бара обединување на Општина Митровица. 

Советниците на Општина Јужна Митровица бараат обединување на градот. 

Советот на oваа општина денеска едногласно усвои Декларација со која ја поддржа иницијативата на градоначалникот, Агим Бахтири за обединување на северниот – претежно населен со Срби и на јужниот дел на градот, каде мнозинството од жителите се Албанци.

Декларацијата за обединување во следните денови ќе биде испратена до косовската Влада, која би требало да се произнесе по иницијативата за обединување на двата дела на Митровица.

Со Декларацијата се бара укинување на одлуката за поделба на Митровица на две општини и за создавање единствена единица на локалната самоуправа.

Бахтири има амбиции да биде градоначалник на „обединетата“ Општина Митровица. Ова се случи откако градоначалниците на четирите општини во северно Косово, во кои мнозинството жители се Срби, меѓу кои и на Северна Митровица, поднесоа оставки на функциите. Тие како причина за своите оставки го наведоа „кршењето на човековите и економските права на Србите“ со воведувањето на таксите од 100 отсто за увоз производи од Србија.

Слично

Поврзани вести