Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јужниот гасоводен коридор – нова можност за спас на Југоисточна Европа

Јужниот гасоводен коридор – нова можност за спас на Југоисточна Европа
На официјална церемонија во Азербејџан денеска почнува изградбата на Јужниот коридор. На настанот ќе присуствуваат претставници на Албанија, Велика Британија, Грузија, Грција, Италија, САД, Турција и Црна Гора, објавија од Претседателството. Јужниот гасен коридор е важен проект за цела Југоисточна Европа, бидејќи тој обезбедува диверзификација на снабдувањето со гас за регионот и може да ја подигне енергетската безбедност. Европската унија започна да бара нови извори на природен гас уште во 2006 година, кога пламна првата "гасна војна" меѓу Русија и Украина. На 1 јануари 2006 година беа запрени испораките на гас за Киев заради несогласувањата со цената. Такво сценарио се одвиваше и во 2009 година. Две години и беа потребни на Европската комисија да подготви Акционен план за енергетска безбедност и солидарност, претставен во ноември 2008 година, или само неколку месеци пред почетокот на втората "гасна војна" меѓу Русија и Украина од 2009 година Акциониот планот предвидува изградба на нови патишта за испораките на гас, поврзување на изолираните гасни пазари во ЕУ, како и можности за снабдување од течен гас. Две години подоцна, во јануари 2010 година, претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо го направи и првиот пробив, обезбедувајќи ги првите количества природен гас за Европа од Азербејџан. Тие треба да дојдат по Јужниот коридор, минувајки низ една од врските во него. Всушност еден од најважните за нас гасоводи за нас, дел од Јужниот коридор е "Јужен поток", чија реализација сепак се повеќе се претвора во политичко прашање и дури веќе не се обрнува толку внимание на економската потреба од цевката. По "Јужен поток" во Европа ќе пристигнуваат по 63 милијарди кубни метри природен гас годишно, цевките ќе заобиколат едно од гасните боишта, на кои војува Русија, а тоа е Украина. "Јужен поток" често беше претставуван како "убиец" на Nabucco, но реално недостаток на суровина, која би требало да го напојува гасоводот, доби поддршка од Европската комисија и стави крај на големиот проект. Nabucco ја агуби битката со Трансјадранскиот гасовод (Тар) за природен гас од наоѓалиштето Шах Дениз II. Гасоводот сепак може да биде оживеан со природен гас од Иран. Неодамна тонот на Западот кон Техеран омекнува и санкциите кон земјата, воведени поради нејзината нуклеарна програма, се ревидираат. Иран е со вторите по големина резерви на природен гас, по Русија и може да обезбеди доволно суровина, за да го врати на картата на гасните патеки Nabucco. Во оваа фаза сепак Тар, како и Трансанатолски гасовод (TANAP), се главните артерии на Јужниот коридор. Плановите за напојување на европскиот пазар на гас со суровина од Каспискиот регион нема да бидат докрај реализирани без изградба на нова гасна врска со Грција. Факт е сепак и дека од 2009 година досега сите планови за изградба на интерконекторни врски со соседните земји засега остануваат само на хартија. К.К.  
Слично

Поврзани вести