Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јужниот гасен коридор – шанса за Македонија и Балканот?

Јужниот гасен коридор – шанса за Македонија и Балканот?
Акцијата на планот предвидува изградба на нови патишта за испораките на гас, поврзувањето на изолираните гасни пазари во ЕУ, како и можности за снабдување со течен гас. Две години подоцна, во јануари 2010 година, претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо го направи и првиот пробив, обезбедувајќи ги првите количества природен гас за Европа од Азербејџан. Тие треба да дојдат по Јужниот коридор. Дел од јужниот кридор е и "Јужен поток", чија реализација сепак се повеќе се претвора во политичко прашање и дури веќе не се обрнува толку внимание на економската потреба од цевката. По "Јужен поток" во Европа ќе пристигнуваат по 63 милијарди кубни метри природен гас годишно, цевките ќе заобиколат едно од гасните боишта, на кои војуваат Русија - Украина. "Јужен поток" често беше посочуван како "убиец" на Nabucco, тој ja загуби битката и со Тар за природниот гас од наоѓалиштето Шах Дениз II. Гасоводот сепак може да биде оживеан со природен гас од Иран. Од неодамна тонот на Западот кон Техеран омекнува и санкциите кон земјата, воведени поради нејзината нуклеарна програма, се ревидираат. Иран е со вторите по големина резерви на природен гас, по Русија и може да обезбеди доволно суровина, за даго врати на картата на гасните патеки Nabucco. Во оваа фаза сепак Тар, како и Трансанатолскиот гасовод (TANAP), се главните артерии на Јужниот коридор. Плановите за напојување на европскиот пазар на гас со суровина од Каспискиот регион нема да бидат докрај реализирани ниту за соседна Бугарија ако не се оствари изградба на нова гасна врска со Грција. Факт е сепак и дека од 2009 година досега сите планови за изградба на интерконекторни врски со соседните земји засега остануваат само на хартија. K.K.
Слично

Поврзани вести