„Јужен тек“ нема да ја заобиколи Македонија
„Македонија е дел од првата фаза на проектот „Јужен тек“. Како што знате на почетокот ја немаше, но подоцна по разговорите со руските власти и со „Газпром“ Македонија беше вклучена како крак и токму затоа е со испрекинати линии на она што деновите беше презентирано во јавноста“, изјави денеска премиерот Никола Груевски
Според Премиерот, веќе е добиен и разгледан предлог договорот од Руската федерација, а потоа и испратен на разгледување од руската страна.
Груевски останува на ставот дека доколку Македонија не била вклучена во „Јужен тек“, Руската федерација немаше да испрати предлог договор до македонската страна.
Слично
