Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јужен тек не смее да биде единствена алтернатива!

Јужен тек не смее да биде единствена алтернатива!
Србија мора да размислува да си обезбеди уште еден правец за доток на гас, настрана од Јужен тек, верува српската министерка за градежништво, транспорт и инфраструкура Зорана Михајловиќ, нагласувајќи дека на Србија мора да и биде најважна енергетската безбедност. "И пред да се случи кризата со Украина ние работевме на тоа. Итно мораме да размислуваме за тоа да го имаме и Јужен тек и гасоводот Ниш-Димитровград“, вели Михајловиќ. Во претходниот состав на српската Влада Михајловиќ беше министерка за енергетика. Запрашана дали заради ваквите ставови и оценките дека не е „проруски настроена“ веќе не е во тој ресор, таа одговара: „Тоа не е прашање за мене. Но, јас сум просрпски човек. Работам онака како што мислам дека е најдобро за својата земја и затоа зборувам дека ни е потребно да обезбедиме енергетска стабилност. Можеби ќе дојде зима во која нема да има доволно гас заради ситуацијата во Украина“. ДАЛИ ЌЕ СОПРЕ ЈУЖЕН ТЕК?
Слично

Поврзани вести