Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Јустиција“ одложен за во октомври, за одбраната случајот е понижување на големи професионалци

„Јустиција“ одложен за во октомври, за одбраната случајот е понижување на големи професионалци

Денеска се одложи судењето за случајот „Јустиција“, поради неколку болни обвинети.

Во овој случај се обвинети четворица судии и девет стручни соработници, кои се товарат за кривичното дело несовесно работење во службата, односно за намерно чување предмети во фиока до нивното застарување.

За одбраната овој случај претставува навреда и понижување за целото правосудство.

Еден од адвокатите посочи дека целиот случај  е фарса за понижување на големи професионалци со над 30-годишно судиско искуство, и според него обвинетите на почетокот на истрагата биле брутално уапсени и засрамени пред целата македонска јавност.

Акцијата  „Јустиција“ се одвиваше лани во октомври а првично беа уапсени дваесет и пет лица од Одделот за прекршоци при Основниот суд Скопје 1. Во меѓувреме, ЈО-Скопје склучи спогодби со седум судии и судски службеници кои ја признаа вината и добија условна казна, а против петмина пак постапката беше во мирување бидејќи се утврдило дека нема кривично дело кај нив.

Следеното судење е закажано за 27 октомври.

Слично

Поврзани вести