Јуратовиќ: Кога гладта ќе го победи стравот во Македонија?
Згазени работнички права, тешка економска ситуација, но синдикални протести речиси нема - вака членот на германскиот Парламент и синдикален претставник Јосип Јуратовиќ ја опишува ситуацијата во Македонија.
Според него и во Македонија, но и во целиот регион, па и во Европа, има ситуација во која се чувствува дека луѓето имат страв да проговорат.
„Економската состојба е доста сложена и јас често велам дека е прашање кога гладта ќе го надвладее стравот. Затоа препорачувам луѓето да го кажат мислењето што послободно, да не се ограничуваат и кочат, зашто постои опасност гладта да го надвладеее стравот, а тогаш се палат институции,се уриваат системи и настанува хаос. Секој кој малку има демократска свест,политичка одговорност, политички слух и писменост, би дозволил лугето да го изнесат своето мислење. Два милиони Македонци сигурно подобро знаат каде треба да оди општеството од тие што се стотина од елитата“, вели Јуратовиќ.
Тој додава дека како земја која сака да биде дел од ЕУ, Македонија мора да ги почитува работничките права и да разбере дека одржување на работнички протести за 1 Мај е одраз на демократичност на државата.
Слично
