Јункер:Грција доби рок за спроведување на ветените реформи
Жан-Клод Јункер, лидерот на Еврогрупата и даде рок на Грција до 18 октомври, до следниот самит на ЕУ, да ја докаже својата одлучност за примена на ветените реформи во замена за помошта од меѓународните кредитори, пренесоа француските медиуми.
„За ново деблокирање на средствата Грција треба до 18 октомври да ја покаже својата решеност да ги спроведе ветените реформи, не подоцна“ истакна Јункер во Луксембург.
Грција очекува деблокирање на мовата транша од 31,5 милијарди евра од меѓународната помош, што вкупно изнесува 130 милијарди евра. Исплаќањето на последната транша беше блокирано во јуни од кредиторите. Пред неколку дена грчкиот премиер Андонис Самарас призна дека неговата земја нема да издржи до крајот на ноември без новата финансиска помош.Новата транша најмногу зависи од извештајот на Тројката кредитори на Грција (ЕК, ЕЦБ и ММФ). Извештајот е од ревизорската мисија од септември. Се смета дека тој нема да биде готов до средата на врвот на ЕУ на 18 и 19 октомври, на која се наѕира дека Грција ќе биде жешка тема.
Слично
