Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јункер: Заканите на Турција за миграциониот договор нема да и поминат

Јункер: Заканите на Турција за миграциониот договор нема да и поминат

Турција мора да го почитува договорот на својата земја со Европската унија за намалувањето на протокот на мигранти кон Европа.

Ова го изјави претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, предупредувајќи дека заканите против блокот нема да функционираат.

Според Јункер Анкара треба да го олесни строгото законодавство во однос на борбата против тероризмот, ако сака нејзините граѓани да уживаат безвизен режим на Стариот континент.

„Очекуваме дека Турција ќе се придржува кон своите обврски - и заканите не се најдобра дипломатска алатка која може да се користи“, рече уште Јункер.

„Значи треба да престанат да се користат, бидејќи нема да имаат ефект“, додаде тој.

Во рамките на договорот Анкара треба да помогне за запирање на миграциониот поток од нејзина територија кон Грција и останатите делови на ЕУ. Во замена на тоа, земјата ќе добие од Брисел 6 милијарди евра помош, забрзување на преговарачкиот процес за членство во ЕУ, како и визна либерализација. За последното сепак Турција мора да одговори на 72 критериуми, од кои само неколку не се исполнети.

Сепак, тие се поврзани со промените во законодавството на Турција во однос на борбата против тероризмот. Брисел сака олеснување на овие закони, бидејќи во моментов голем број новинари и академици се обвинети за злосторства против државата во рамките на овие закони.

Средбата на Г-7, во рамките на која е и изјавата на Јункер, доаѓа неколку дена откако во почетокот на неделава се одржа хуманитарна конференција во турскиот град Истанбул, под покровителство на ОН. При затворањето на средбата турскиот претседател Ердоган посочи дека при неприменување на визната либерализација, турскиот парламент нема да прифати закони поврзани со договорот ЕУ-Турција. „Нашето МНР, нашето Министерство за прашањата на ЕУ, ќе дискутира со Европејците. Ако има резултат, тоа ќе биде одлично. Ако нема - многу ќе ни биде жал“, рече Ердоган.

Слично

Поврзани вести