Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јункер: „Шенгенот е во кома, еврото ќе пропадне без него“

Јункер: „Шенгенот е во кома, еврото ќе пропадне без него“

Претседателот на ЕК Жан-Клод Јункер призна дека Шенгенот е во „кома“ и предупреди дека еврото ќе пропадне без него, соопштува англиски Telegraph.

Тој нагласува дека има витална врска помеѓу слободното движење и постоењето на единствена валута во ЕУ.

"Единствената валута нема да постои, ако Шенгенот пропадне. Тоа не е неутрален концепт. Тоа не е банално. Ова е еден од столбовите на изградбата на Европа“.

Говорејќи на сесијата за одбележување на терористичките напади во Париз, претседателот на ЕК одговори на партиите како кои тврдат дека Шенгенот му гарантирал „слободно движење на џихадот“.

„Ве молиме, не  ги мешајте работите. Не мора да се сфати во еден апсурден начин од овие трагични настани. Мора да се зачува духот зад Шенген. Да, Шенген системот е делумно во кома. Но оние кои веруваат во Европа, нејзините вредности, нејзините принципи и нејзините слободи, треба да се обидат да инспирираат нов живот на духот зад Шенген. Ако духот ги напушти нашите срца, ќе изгубиме повеќе од Шенгенот“, рече Јункер.

Слично

Поврзани вести