Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јункер: Квотите за распоредување на мигрантите меѓу земјите-членки мора да бидат обврзувачки

Јункер: Квотите за распоредување на мигрантите меѓу земјите-членки мора да бидат обврзувачки

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, денеска ги повика земјите-членки што побргу да се договорат за расподелување на 160.000 бегалци, кои сега се наоѓаат во Италија, Грција и во Унгарија.

,,Денеска предлагаме друг механизам за преселување 160.00 луѓе. Ние, Европејците, мораме да ги примиме луѓето" – рече Јункер.

Тој рече дека квотите за распоредување меѓу земјите членки мора да се обврзувачки.

Претседателот додаде дека треба да се сменат некои закони за да им се овозможи на мигрантите да работат штом стигнат на територијата на ЕУ.

На крајот Јункер потенцираше дека земјите нема да смеат да ги избираат мигрантите според нивната религија, критикувајќи ги некои од земјите-членки кои рекле дека се подготвени да примат само христијани.

Слично

Поврзани вести