Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јункер именуван за нов претседател на ЕК

Јункер именуван за нов претседател на ЕК

Лидерите на земјите членки на ЕУ официјално го именуваа луксембуршкиот политичар Жан Клод Јункер за нов претседател на Европската комисија.

Оваа вест преку социјалната мрежа Твитер ја соопшти Херман Ван Ромпеј, претставник на Европскиот совет.

„Одлуката е донесена: Јункер ќе биде новиот претседател на ЕК“, напиша  Ван Ромпеј на неговиот Твитер профил.

На овој избор најгласно се противеше британскиот премиер Дејвид Камерон, кој утрово најави дека ќе гласа против Јункер бидејќи тој е „погрешен човек“ за тоа место.

Јункер е поборник за цвсртите европски интеграции во моментот кога Британците сакаат лабави однос со ЕУ, кои го гледаат како закана на националниот суверинитет.

Изборот на Јункер треба да го потврди Европскиот парламент, кој во вторникот на 1 јули ќе се собере за повикот на мајските европски избори.

Слично

Поврзани вести