Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јункер: Доста одолговлекување, применете одлуки за бегалците!

Јункер: Доста одолговлекување, применете одлуки за бегалците!

Претседателот на Европската комисија Жан Клонд Јункер ги отфрли повиците за нов самит на ЕУ за бегалците и наведе дека државите членки треба да престанат со одолговлекување и да ги применат постоечките договори за тоа прашање. Чешкиот премиер Бохусалв Соботка наведува дека ЕУ мора да соработува со транзитните земји кон Европа низ кои патуваат бегалците.

„Не ни треба нов самит. Државите членки треба да ги усвојат европските мерки и да ги применат на своја територија“, наведува Жан Клод Јункер.

Ја повтори својата критика на сметка на владите на европските земји кои не ги примаат мигрантите Италија и Грција, каде во последните месеци стигнаа десетици илјади бегалци, бегајќи од сиромаштијата и војните во нивните земји.

Според неговите зборови ЕУ треба да состави единствена листа на безбедни змеји во кои бегалците може да бидат вратени.

Коментарите на Јукер се објавени во француски Фигаро и гемански Велт, пред состанокот на германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд во Берлин, на кој би требало да разговараат за проблемот на бегалците, пренесе Ројтерс.

Во меѓувреме, чешкиот премиер Бохуслав Соботка предупреди дека Европската унија не може да избега од бегалската криза која ги загрозува темелите на слободно движење во Европа и дека мора да соработува со транзитните земји низ кои бегалците патуваат кон Европа.

Соботка на годишното советување на чешките амбасадори во Прага предложи да се одржи посебна меѓународна конференција за бегалците од земјите на Балканот и Турција.

Чешкиот премиер се залага за тоа Европа да посвети далку повеќе внимание на причините за бегалската криза и да настои да помогне да се стабилизира регионот од кој бегалците доаѓаат, а исто така да соработува повеќе и ефикасно и со транзитните земји.

Слично

Поврзани вести