Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЈУЛИ ВО ОДНОС НА ЈУНИ: Забележан е благ пад на платите

ЈУЛИ ВО ОДНОС НА ЈУНИ: Забележан е благ пад на платите

Во јули платите се пониски од јуни годинава, но се повисоки од платите кои се примани во истиот период лани. 

Просечната месечна исплатена нето-плата во јули 2017 година, во однос на јули 2016 година, се зголемила за 1,5% и  изнесува 22 671 денар, објави Државниот завод за статистика.

Ова зголемување е резултат на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: “стручни, научни и технички дејности за 10,4%, „рударство и вадење на камен за 8.7% и „информации и комуникации“ каде што зголемувањето изнесува 5.6%. 

Еден месец претходно, во јуни просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, беше 22 808 денари.

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јули 2017 година била 33 328 денари.

За споредба, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јуни годинава била  33 509 денари.

Во јули 2017 година, 1,3% од вработените во Република Македонија не зеле плата.

Слично

Поврзани вести