Југот на Италија тоне во сиромаштија, бројките се запрепастувачки
Италија без оглед што е членка на Европската Унија не може да ја крене економијата на југот на земјата кој тоне во сиромаштија, а според последните информации секој четврти граѓанин е во ризик од социјална исклученост поради ниските примања, несигурноста на работното место и намалените приходи.
Се проценува дека 17.5 милиони луѓе живеат во сиромаштија, а најпогодени се семејствата со деца кои одвај врзуваат крај со крај. Најголема стапка на сиромаштија од запрепастувачки 55.4% има во Сицилија како најслабо развиен регион во Италија.
Платите во изминатите 5 години паднале за неверојатни 20%, додека пак богатите семејства заработуваат 5 пати повеќе од сиромашните што е доволен знак за нееднаквоста на приходите и социјалната правда.
