ЈУГОСЛОВЕНСКО ОРУЖЈЕ СЕЕ СМРТ ВО ЕВРОПА: Ова се тајните канали по кои се вооружуваат терористите!
Aнис Амри освен 12 луѓе кои се наоѓаа на божиќниот саем во Берлин го усмртил возачот на камионот кој го користел за нападот и застрела полицаец во Италија пред да биде ликвидиран.
За убиството на Полјакот кој возел камион во Германија како и при пукањето на полицаецот кој му барал документи, Амри користел пиштол кој на црниот пазар може да се набави за само 150 евра.
#Europe - - How the terrorists get their weapons - Daily Mail - https://t.co/CQ9VmxArEP
— Dio Perix (@DioPerix) December 23, 2016
Користел пиштол од мал калибар
22 калибарски пиштол е снимен до телото на Анис Амри кога е убиен рано утрото вчера во милански индустрирски квартал. Се поставува прашањето како Амри успеал да го набави оружјето со оглед на тоа дека се наоѓал под полициски надзор, а бил апсен најмалку три пати само оваа година.
Постои запис кој докажува дека 24-годишникот бил дел од опсежна истрага на екстремистичка мрежа и дека на водачот на групата му рекол дека е подготвен и дека сака да стане бомбаш самоубиец. Тоа било само пред два месеци.
Лесно до оружје
Терористите неверојатно лесно доаѓаат до оружје кое потоа го употребуваат за терористички напади. На тоа му допринесува уште живиот пазар на илегално оружје кое доаѓа од подрачјето на Балканот во срцето на Европа.
Швајцарски експерти неодамна објавија истражување кое покажува дека на подрачјето на екс Југославија се наоѓаат помеѓу три и шест милиони различни видови оружје кое останало од војната на нашето подрачје во текот на 1990-тите.
Where Do Europe’s Terrorists Get Their Weapons? Balkan Basements https://t.co/oWBfUgOCZC
— Worldcrunch (@worldcrunch) November 19, 2015
Се претпоставува дека околу 1,5 милиони примероци различни видови оружје се наоѓаат во Србија како наследство од Југославија.
Цената на пиштоли од мал калибар на црниот пазар се движат од 150 евра па нагоре, а малку поскапо е оружјето како калашников АК-47 кое може да се најде по цена од 700 евра, а го дистрибуираат криминални банди , стои во истражувањето.
ЦРН ПАЗАР
Дистрибутер на илегално оружје познат под името „Германец“ опишал како оружјето им се продава на терористи.
На улиците има многу автомобили и камиони во кои се наоѓа растурено оружје. Криумчарите и препродавачите ги кријат во резервоарите за гориво. Пригушувачите се нешто поскапи, митралезите и автоматксите пушки кои лесно се кријат, чинат повеќе. Пиштолите од друга страна се прилично евтини. Нивната цена се движи околу 150 евра“ рекол Германец во 2015 година.
Пораст на илегалното оружје
Иван Зверзжановски, од одделението на ОН за сузбивање на илегална продажба на оружје во Белград рекол дека е „невозможно да се знае каде се наоѓа оружјето, кој го чува и на кои начини се користи.
Ilegal Balkan #weapons in west still a 'major problem' https://t.co/8fgO9VC2qr #ArmsTreaty
— Allison Pytlak (@a_pytlak) November 17, 2016
„Не ви требат стотици илјади видови оружје, доволно се само неколку да се предизвика безбедносен пробив“, рекол Зверзжановски.
„Пазарот на пиштоли всушност функционира по многу едноставен систем на понуда и побарувачка. Од 2011 бележиме значаен пораст на илегално поседување оружје на подрачјето најугоисточна Европа како и останатите делови на Европската унија“, додал.
