Југохром не бил најголемиот загадувач во Тетово
Според вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски , Југохром не бил најголем загадувач во Тетово. Вицепремиерот смета дека енормното загадување во Тетово било последица што населението се грее на дрва.
-Подготвителните активности се во тек, а она што можеби не се знае во јавноста е дека Југохром работи со 20% од капацитетот. Значи загадувањето од Југохром е многу мал учесник во вкупното загадување наТетово. Ние се разбира ќе инсистираме компанијата да ги задоволи стандардите согласно одлуките на Влада и согласно европските норми. Доколку тоа не се случи во предвидените рокови се разбира ќе се преземат соодветни законски мерки, рече Пешевски.
Инаку, Тетово и денеска беше најзагаден град во Македонија со измерени 622 микрограми ПМ10 честички, а во текот на ноќта нивото било дури 833 микрограми, што е речиси 17 пати над дозволеното.
