Југохром чека дозвола за филтрите
Југохром за половина месец очекува да добие градежна дозвола и да почне да го гради системот за отпрашување.
Фабриката по два месеци пауза, пред два дена ги вклучи печките, но без филтри на оџаците. Југохром веројатно до крајот на октомври ќе работи без филтри и ќе придонесува за загадувањето на воздухот во Тетово.
Од Министерството за животна средина објаснуваат дека засега немаат податоци дали прекинот во работењето го намалил загадувањето, и ќе се чекаат резулати од хемиска аналзиа.
„Само со хемиска анализа ќе се знае точно што и во колкав процент учествува во составот на воздухот во Тетово и околината. Од таму ќе се откријат и изворите на загадување, поточно ќе се знае колкав процент од загадувањето е од Југохром, колку од сообраќајот, колку од затоплувањето“-велат од ресорното министерство.
Споменатата анализа ќе се прави следниот месец. Од Југохром велат дека до октомври со филтри сигурно ќе бидат најголемите печки во вториот погон, а ќе се направат напори во системот за отпрашување да влезе и третиот погон. Во првиот погон се најмалите печки, кои можат и да не работат додека не се завршат инвестициите.
Слично
