„Југохром“ бара уште две години за да ги воведе еколошките стандарди
Комбинатот за феролегури „Југохром“ од Јегуновце бара уште две години продолжување на рокот до кој треба да ги воведе потребните еколошки стандарди за да обезбеди А-интегрирана еколошка дозвола.
Од „Југохром“ барањето го доставиле вчера до Министерството за животна средина и просторно планирање, на ден пред истекот на рокот до кој фабриката требаше да го усогласи работењето со европските стандарди и македонските закони.
Фабриката не е ниту во почетна фаза за изградба на потребните филтри, а досега неколкупати добиваше продолжување на рокот од институциите. Барањето денеска го разгледува Владата на седницата што е во тек.
Во комбинатот работат околу 1.200 работници.
Скопската железарница „Макстил“, која е во слична позиција, денеска објави дека ќе ја прекине работата во својот оддел за производство на челик, додека не ги исполни потребните стандарди.
Сепак „Макстил“ е во напредна фаза на исградба на филтрите, па очекува во јануари да продолжи со работа.
Слично
