Јубилеј: 70 години Врховен суд
Врховен суд на РМ одбележува 70 години постоење и по тој повод ќе биде одржана свеченост.
Во рамки на свечената акдемија е предвидено да се одржи и регионална конференција на претседатели на врховни судови на земјите од регионот која се одржува во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Темата на конференцијата е „Судската пракса на Врховниот суд и Европскиот суд за човекови права како неопходен предуслов за обезбедување на правната сигурност на граѓаните“.
Говор на свеченоста се најавува дека ќе одржат претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељановски, претседателката на Врховниот суд Лидија Неделкова, како и претставници на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, претседатели и судии на врховните судови на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија, Хрватска и Црна Гора.
Врховниот Суд на Република Македонија е највисокиот суд во Република Македонија кој обезбедува униформност во имплементацијата на законите од страна на судовите. Одлуките на Врховниот суд според Уставот на Република Македонија се конечки и извршни.
